Почина Крунослав Киќо Слабинац

Written by on ноември 13, 2020

Утрово почина Крунослав Киќо Слабинац. Познатата вокална легенда веќе неколку месеци беше во болница поради срцева болест. Операцијата била успшено извршена но опоравувањето, иако долго, не било едноставно ни лесно.

Роден во Славонија, тој бил инспириран од фолк-музиката на овој регион и го користел традиционалниот инструмент – тамбура. Во 1960-ите бил член на неколку рокенрол групи, а потоа започнал соло – кариера. Во 1970 со победата на фестивалот во Опатија неговата кариера добива силен импулс. Легендарната балада „Због једне дивне црне жене“ беше огромен хит во поранешна Југославија, а неговата песна „Летај ми летај гулабе“, отпеана на македонски јазик на Скопскиот фестивал 1989 е вистински домашен евергрин.

 

 


[There are no radio stations in the database]