Почина Атанас Ковачевски

Written by on јуни 19, 2020

Медиумската сцена денеска изгуби уште еден професионалец – утрово почина Атанас Ковачевски, актуелен портпарол на ЕВН, долгогодишен радио и ТВ новинар, уредник и водител. Ковачевски почина ненадејно на 50-годишна возраст, без никакви претходни посериозни здравствени проблеми. Започна како радио водител во Студентско радио, па во Радио Уно, а потоа премина во Македонската телевизија и Канал 5. Секаде беше препознатлив по професионалноста и фината енергија.

Погребот ќе биде извршен утре, во 11 часот, на гробиштата во Ѓорче Петров.


[There are no radio stations in the database]