ПОСТЕР-23 ИЗДАНИЕ НА ЗЛАТНА БУБАМАРА

Written by on февруари 9, 2020

Радио Бубамара  го обзнани новиот постер за 23 издание на нашата најпопуларна и најочекувана  манифестација „Златна бубамара на популарноста“, кој го изработи познатиот илустратор  Ивица Спасовски  кој исто така и во 2013 година го изработи постерот од 16 издание.

 

Во духот на слоганот за оваа година  „Нема Правда , има Бубамара“ постерот на  23 издание отсликува еден дел од настаните од изминатата година, а за најубавите моменти  ќе се погрижат најголемите уметници, спортисти и музички имиња кои заедно со екипата на Бубамара подготвуваат незаборавно шоу кое ќе се памети  во наредните децении .

Празникот на смеата, убавата и чиста мисла  оваа година  се паѓа во четврток на 27 февруари.

Во меѓувреме од Радио Бубамара ни порачуваат да дишеме еколошко гориво, читаме лажни вести и се ќе биде ОК.

Наскоро ќе има информација за билетите – продолжете да слушате  105.2


[There are no radio stations in the database]