После Бајага, и култните ЕКВ, на репертоарот на американската кантавторка Кимберли Таузенд!

Written by on февруари 1, 2021

Американската кантавторка Кимберли Таузенд, ја продолжува својата кампања на Јутјуб -„52 недели – 52 обработки“.

Таа првично, кон крајот на минатата година, го обработи стариот хит на Бајага и Инструктори, баладата „Од када тебе волим“, пеејќи ја на српски јазик.

Така, на каналот на младата њујоршка музичарка, Бајага се најде во избраното друштво на великани на популарната музика, како Битлси, Елвис Присли, Боб Дилан,  Џони Кеш и Радиохед, чии песни се исто така  дел од нејзината Јутјуб кампања -„52 недели – 52 обработки“.

А, по позитивните реакции на нејзината обработка на песната на Бајага, Кимберли изведе уште еден хит од екс ју сцената.

Станува збор за една од најпопуларните песни од репертоарот на култните ЕКВ- „Срце“, а нејзината акустична, интимна верзија, исто така предизвика големо внимание и позитивни реакции.


[There are no radio stations in the database]