„Полетај“- нов сингл на Мијата

Written by on јуни 25, 2019

Пејачката и кантавтор Мијата создаде одлична видео приказна за нејзината нова песна насловена „Полетај“, за која деновиве работеше со Мелем продукција.

А, новата песна пропратена и со нов изглед на Мијата.

Досега сме ја виделе како црнокоса, бринета, црвенокоса, а сега се реши да стане и русокоса.

Имено, во приказната од спотот таа има изглед на жена амазонка, а уникатниот костим кој го  носеше, вели дека самата го креирала.

За новиот сингл музиката ја напиша Ханс Греис, за текстот се погрижи самата таа,а аранжманот и продукцијата се на Дамир Пух.

фото: фб Мијата


[There are no radio stations in the database]