Познатиот уметник, автор и инструменталист Благој Маротов со нова верзија на “Не е љубов тоа”!

Written by on јуни 15, 2020

Македонската музичка сцена се збогати со уште една прекрасна песна која излезе од кујната на естрадниот мајстор Благој Маротов.

Имено, на големо изненадување на неговата публика, тој деновиве изработи нова верзија на неговата слушана композиција “Не е љубов тоа”, во негово музичко и аранжманско обликување, и продукција, а на текст на Георги Барбаровски.

Но, секако вредно за спомнување е дека Маротов со својот спонтан и ненаметлив, но крајно професионален стил на работа, пред некое време, почна да снима еден интересен циклус на обработки на македонски изворни песни, под наслов “Класика М” , а новонастанатата ситуација ја искористи креативно, да го доосмисли и почне да го реализира, во своето студио.

„”Класика-М” е мое “музичко милениче”, работено со најголемо внимание и посветеност во секој тон, и стих, а станува збор за познати песни. Овој пат тие се во поинаква аранжманска изведба, помодерен стил, со понагласен звук и како поприсутен мотив преку бас гитара, фретлес (за музички упатените, тоа е бас гитара без прагови,што ги разделува полиња), кој, како инструмент бара поголемо внимание и познавање при изведбата. Секако, посебно внимавав во поставување на привлечен изведувачки манир, вокалната интерпретација, одредувајќи го стилот на обработката на истата“, ни открива Маротов.

Првата обработка што ја направи е на „Садила Јана“, стара македонска песна, испеана од Никола Бадев, која ја сними карантински, со едно скромно домашно видео.

Втората обработка е на “Давај ме мила мамо”, текстот со мала измена од оригиналот, адаптиран во машка верзија, за која што истотака сними и видео запис, во рамките на она што го дозволуваа приликите.

И, секако споменатата “Не е љубов”, која од денес ја слушате и како хит на Радио Бубамара!


[There are no radio stations in the database]