Подарок – касета за Влатко Стефановски

Written by on мај 23, 2018

Рачно изработена маса во облик на касета (постарите генерации се сеќаваат колкава љубов имавме за нив) му подари Радио Буба Мара на нашиот музички виртуоз Влатко Стефановски.

Во својата повеќедецениска кариера, Влатко на музичките сладокусци им има подарено многу музика, плочи и касети, ама оваа најголемава – која пристигна како уникатен подарок-изненадување со големо задоволство ќе биде дел од неговата домашна колекција.

Така, тиражот од две „касети“ на Радио Буба Мара, кои се подготвуваа два месеци во студиото на столарската работилница кај уметникот Игор, сега се другарски дистрибуирани – едната кај Влатко, другата во новото студио на Радио Буба Мара и веќе на нивната А-страна  пристигнуваат многу кафиња, пива, грицки и добро расположение.

Чукни во дрво!  Ајде, на здравје!


Current track
TITLE
ARTIST