Петар Ренџов го промовираше албумот „Џесилка“

Written by on декември 25, 2018

Вчера, понеделник 24-ти декември во клуб-ресторанот “Портофино”, беше промовирано најновото Це-Де издание на Петар Ренџов, насловено “Jazzilka”. Како што и самиот автор вели, овој најнов студиски албум е создаден од потребата во Македонија да се продолжи со имплементирање на џез музиката во останатите музички жанрови, како врвна и есенцијална димензија во музичката уметност. Ренџов во “Jazzilka” се претставува како автор или аранжер на 13 композиции, нови возбудливи музички креации со текстови од истакнати автори од македонската книжевност и литература.

Новото издание “Jazzilka”, беше претставено и концертно пред пошироката публика, во рамки на промотивните активности во 2019 година.

Авторот и гитаристот Петар Ренџов, долги години делува на македонската музичка сцена. Тој е признат изведувач и учесник во преку 20 музички проекти, а неговото име е тесно поврзано со многу од познатите интерпретатори на забавната музика. Водител на “Котон Клуб”, емисија за блуз и џез музика на Алфа ТВ (2010-2012) год. и автор на три музички ЦД проекти: “Сонот на невестата” (2005), “Темјаника” (2009), “Бела Салсита-Тумбао салса бенд” (2014).


[There are no radio stations in the database]