Петар Грашо наскоро во Скопје

Written by on октомври 4, 2019

Најголемата актуелна хрватска пејачка ѕвезда, Петар Грашо,ќе одржи концерти и во Скопје.

Иако насекаде во регионот Петар Грашо настапува во најголемите сали, организаторите се одлучија за два ексклузивни и интимни концерта во Македонската филхармонија.

Концертите ќе се одржат на 13 и 14 декемвври со почеток во 20 часот.

Да потсетиме -хрватскиот пејач Петар Грашо беше специјален гостин на овогодинешната манифестација „Златна бубамара на популарноста“ и се закити со награда за „Најпопуларен регионален хит“ за песната „Ако те питају“.

На сцената, најпрвин ја испеа веќе споменатата песна, а потоа во чест на починатата легенда Оливер Драгојевиќ ја испеа неговата “Цесарица”. Публиката, по барање на Грашо, направи ѕвездено небо во чест на Оливер и цела сала пееше заедно со него.


[There are no radio stations in the database]