Песната „Мајко“ на Гуру Харе доби инструментална верзија!

Written by on февруари 13, 2020

Во Киноверзум.мк – 3Д кино во Свети Николе на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ се снимаше видеозаписот за инструменталната верзија на емотивната балада „Мајко“, како соработка помеѓу Гуру Харе и Мандолински оркестар „Свети Николај“ од Свети Николе.

 

Оваа дуетска песна, која Гуру Харе минатата година ја сними со легендарниот рокер Аки Рахимовски од „Парни Ваљак“, доби сега сосема нова димензија, овој пат во инструментална верзија!

Музиката е секако на нашиот најпознат музички гуру Игор Атанасоски – Харе, за аранжманот се погрижи Баже Стефановски кој воедно е и диригент, а ја изведува Мандолински оркестар – „Свети Николај“ и Игор Атанасоски – Харе.


[There are no radio stations in the database]