„Пеперутка“-Дуке Бојаџиев, Пијан славеј, Гоце Јованоски и Георги Шарески.

Written by on јуни 17, 2019

Кога на едно место ќе се соберат музичари кои сами по себе се инспирација, резултатот е неизоставен, а тое е нова песна!

„Пеперутка“ е насловот на новиот сингл на Дуке Бојаџиев, која е доказ на неговата неочекувана средба со неговите колеги Бранислав Николов алијас „Пијан славеј“ и Гоце Јованоски од „Фолтин“ и  Георги Шарески.

„Во февруари 2019, за време на мојата посета на Берлин за Берлинскиот филмски фестивал, случајно ги сретнав Пијан Славеј и Гоце од ’Фолтин’ (еден од моите омилени македонски бендови), како и мојот долгогодишен пријател од деновите во музичкиот колеџ Беркли, гитаристот и композитор Георги Шарески. Од спонтаните разговори за можна соработка, се вратив во Њујорк инспириран од моите колеги музичари и ја напишав ’Пеперутка’. Георги ги сними гитарите во студио во Берлин, Гоце ги сними басот и вокалите на Пијан Славеј во Битола, а сето тоа го довршив јас во моето студио во Њујорк“,раскажа Бојаџиев како се роди оваа приказна.

„Пеперутката“ доаѓа по минатогодишниот албум „Синергија“и е одлично загревање за концертот на 8-ми август што ќе го одржи во рамките на фестивалот „Охридско лето“ на сцената Долни Сарај во Охрид. Автор на музиката е самиот Дуке, кој стои и зад продукцијата, а заедно со Пијан Славеј ги напишаа и стиховите за песната.


[There are no radio stations in the database]