Пандев го одигра 100. натпревар во репрезентацијата

Written by on март 22, 2019

Пред натпреварот со Летонија, Горан Пандев доби подароци и признанија за големото достигнување во А-тимот од страна на ФФМ и УЕФА. Влезот во “ексклузивниот” клуб 100 му го честитаа претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, генералниот секретар Филип Поповски и високиот претставник на УЕФА, Тјери Фавре.

Горан Пандев е вториот македонски фудбалер кој успеал да дојде до ова достигнување, по Гоце Седлоски, некогашниот капитен кој исто така има 100 настапи зад своето име.

Официјалното деби за Македонија, Гранде Пандев го имаше во 2001 година, на гостувањето во Бурса против Турција (3:3).

Во продолжение слушнете ја песната што Радио Бубамара ја направи за Горан Пандев кога во 2011 година го прогласи за Народен херој.


[There are no radio stations in the database]