Охрид фест – Охридски трубадури 2018

Written by on септември 6, 2018

Денес,утре и задутре, (6, 7 и 8 септември) ќе се одржи  јубилејното, 25. издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид Фест –Охридски трубадури“.
Вечерва е фолк вечер,а во официјалната програма на се наоѓаат 20 песни кои ќе ги исполнат познатите македонски интерпретатори: Петар Нечоски, Благица Павловска, Кате и „Нели ти реков“, „Скопски боеми“, „Молика уан“, Милован Секулоски, Зоран Марковски и Мерима Његомир, а своја шоу-програма ќе има Нада Обриќ.
Утре, петок, фестивалот продолжува со националниот избор за најдобра поп–композиција. На  оваа вечер 18 нови песни од македонски автори ќе исполнат: Симеон Коруноски, Горан Наумовски, Дует ЧОКИ, Жармена, Денис Димоски, трио „Џентлмен“, Лени Партикова, Огнен Здравковски, Зои Блаж, Пепа Димитрова, Филип Јордановски, Лена… Во паузата од фестивалот свој рецитал од песни за љубовта (автори Александар Митевски и Григор Копров) ќе има познатиот  љубител на музиката Трифун Костовски.
На интернационалната вечер, на која покрај наградените песни од поп-вечерта, во борбата за награди ќе учествуваат и познати пејачи од балканските земји, како што се: Пантелис Кастанидис (Грција), групите „Балканика“ (Србија)  и „Колонија“ (Хрватска), Ален Исламовиќ (БиХ), Дарија Швајгер (Словенија), Дениса Мерсини (Албанија), Божидара Симеонова (Бугарија)…


[There are no radio stations in the database]