ОСТАНИ ДОМА! ОСТАНИ ВО ЧЕКОР СО „ТАНЕЦ“!

Written by on март 19, 2020

Почитувани граѓани, почитувани љубители на македонскиот музичко-сценски фолклор, со оглед на состојбата со Коронавирусот, „Танец“ секоја сабота (почнувајќи од 21.3.2020) на својот Јутјуб канал ќе ви овозможува ексклузивно следење на сите негови концерти од минатогодишната јубилејна сезона, која што се одвиваше под мотото „Остани во чекор“. Серијата концерти одржани во 2019 година, во знакот на 70-годишнината од основањето на ансамблот, беа снимени во рамките на посебен проект, кој НУ „Танец“ лани го стартуваше како дел од новата стратегија за заштита на културното и нематеријалното богатство. Овие концерти (Велигденскиот и Јубилејниот концерт во МОБ, Новогодишниот концерт во МНТ, концертите во Струмица, Прилеп, Охрид, Велес и Битола, како и два концерти од минатогодишните гостувања на ансамблот во странство) се во трајна сопственост на институцијата и тие се достапни за сите оние медиуми кои што ќе имаат интерес да ги емитуваат.

Првиот концерт што ќе биде емитуван оваа сабота е спектакуларниот Јубилеен концерт „70 години – Остани во чекор“ одржан на 25 јуни во Националната опера и балет, а тој како и сите следни концерти ќе биде достапен за еднонеделно гледање.  Најавите за сите следни концерти, како и поединостите за истите, редовно ќе ги добивате на Фејсбук страницата на институцијата.

За да бидете во чекор со „Танец“, а притоа и да бидете дома, не се потребни никакви посебни дополнителни помагала, освен вашите компјутери, таблети или паметни телефони. И се разбира да не следите на следниве линкови:

https://www.youtube.com/channel/UC3RSpwgA5a5dW-YaQz8Z6xg

https://www.facebook.com/www.tanec.com.mk/


[There are no radio stations in the database]