„ОЛИВЕРовите 70“-премиерно на филмскиот фестивал во Пула

Written by on јули 12, 2019

Документарниот филм за музичката легенда Оливер Драгојевиќ „ОЛИВЕРовите 70 – Малата приказна за големиот музичар и неговиот последен концерт“ ќе биде премиерно прикажан на 21 јули, во пулската Арена, во рамки на 66. Филмски фестивал во Пула, а во пресрет на првата годишнина од смртта на истакнатиот хрватски музичар.

Филмот го режираа Бранко Дракулиќ и Леа Деклева, а е направен од материјалите снимени непосредно пред и во текот на славеничкиот концерт  „ОЛИВЕРовите 70“ со Загрепската филхармонија.

Да потсетиме-Музичката легенда Оливер Драгојевиќ почина на 28 јули 2018 година во Сплит во 71 година од животот.

Тажната вест за смртта на музичката легенда ја соопшти неговото семејство.

Драгојевиќ зад себе остави бројни музички записи и имаше милиони обожаватели на просторите на поранешна Југославија.


[There are no radio stations in the database]