Октомври-месец за подигање на свеста за ракот на дојка

Written by on октомври 2, 2018

Уште од 1985 година, октомври е прогласен месец за свесноста за ракот на дојката и секоја година во овој период од годината се организираат различни кампањи со цел да се дигне свесноста на дамите во врска со овој тип на канцер.

Препознатлив симбол на светскиот месец против рак на дојка е розовата панделка, па доколку сакате и вие да се приклучите и да го поддржите овој месец, тогаш можете секојдневно да ја носите.

Здружението “БОРКА – за секој нов ден”, оваа година одбележува 10 годишен јубилеј од постоењето на националната кампања за рак на дојка „НАПРЕД РОЗОВО“.

„По тој повод е изработено видео, како и банери за поставување на веб порталите, со цел да ја подигнеме свесноста за ракот на дојка, да им помогнеме на граѓаните и нивните фамилии кои се борат со оваа болест, но и да укажеме на институциите дека оваа борба е наша заедничка и дека треба заеднички да правиме промени за подобри услови за лекување на заболените од рак, достапност до нови терапии и достоинствен живот на сите кои се борат со оваа тешка болест.

Централниот настан ќе се случи во недела на 7 октомври во Градскиот парк во Скопје кај Школка, со почеток во 11 часот.

Заедно да го направиме овој настан најмасовен и да ја мобилизираме целата македонска јавност со цел да спасиме повеќе животи, затоа што секој заслужува шанса да се бори!

Информацијата значи помош. А ракот не е само проблем на индивидуата, туку на целото општество. Ракот не бира политичка партија, вера, пол, возраст…“


[There are no radio stations in the database]