„Одговор“-прва авторска песна на Александра Јанева

Written by on март 29, 2019

Неполн месец по промовирањето на последниот сингл „Срце отвори“, поп-пејачката Александра Јанева вчера објави уште една нова песна.

„Одговор“ е насловот на новиот сингл кој доби и свој видео запис.

Текстот на најновата песна, авторски го потпишува самата Александра, а за музиката таа соработуваше со Тино Стојановски.

На нивната соработка пак, во однос на аранжманот, се придружи Иван Јованов Ивајо.

Инаку,новата песна ќе се најде на деби-албумот на Јанева насловен „Срце отвори“.


[There are no radio stations in the database]