Објавен е официјалниот спот на Светското првенство – Роналдињо, Ера Естрефи, Вил Смит…

Written by on јуни 13, 2018

Објавена е официјалната химна на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Русија.

Песната се вика “Live It Up”, а ја изведува познатиот холивудски актер Вил Смит, албанската пејачка од Косово Ера Естрефи и колумбискиот музичар Ники Џем.

Спотот започнува со мотивирачкиот цитат „каде што има единство, секогаш има и победа“, после што следат кадри од фудбал на различни локации, од кал до големи стадиони, при што на интересен начин се претставени учесниците на овогодинешниот Мундијал.

Во спотот се појавува и фудбалската легенда Роналдињо.


[There are no radio stations in the database]