Објавена колекција хитови на Влатко Илиевски!

Written by on октомври 14, 2020

Две години по смртта на пејачот Влатко Илиевски, во негова чест објавена е компилација на неговите музички хитови под наслов „За љубов се пее до крај“.

Станува збор за колекција составена од најголемите хитови на Илиевски, кои ја одбележаа неговата десетгодишна соло кариера, како „Нека биде по твое“, „Најбогат на свет“, „Со други зборови“, „Среќа“, „И премногу добро“… Компилацијата ја збогатува и темата „Недостигаш“, која во чест на Илиевски ја испеаа неговите обожавателки Елена, Матеа, Викторија и Анастасија.

Оваа извонредна колекција, во спомен и сеќавање на Илиевски е некомерцијално издание во ограничен тираж.

„Oваа колекција на една мала-голема кариера, каква што беше таа на Влатко, е во тој правец. Мала поради времето и фактот дека имаше уште многу да каже и да покаже, а голема бидејќи, без оглед на поминатите години, неговите песни останаа да живеат. Десетте дискографски години на Влатко, колку што траеше неговата соло-кариера, се една од најубавите и најтажни музички приказни создадени под ова парче небо“, велат издавачите на компилацијата.


[There are no radio stations in the database]