Бендот Нокаут промовираше спот за „Сакам да живеам“, а најави и документарец и нов албум!

Written by on октомври 29, 2020

Макфестовската победничка тема „Сакам да живеам“, на која како автори се потпишаа Огнен Неделковски, неговиот син Филип и самиот Пере, доби видео запис.

Нокаут вчера, во кафулето Интермецо, го промовираа спотот пред голем број новинари, колеги, пријатели и почитувачи на бендот.

-„Режијата на видеоприказната е на Јован Куциноски, од „Моушн емоушн“ продукција, со кој го работевме и на видеото на „Позитивно“ и „Ти си таа“. Спотот е снимен на локации во Маврово, Галичник и во Охрид. Се надеваме дека успеваме на најдобар можен начин да ги пренесеме емоциите кои ги носи самата песна“ – изјави Перевски.

Бендот го најави и документарниот филм со работен наслов „ Би се викал Нокаут“ во режија на нивниот драг пријател Владимир Митревски Ѓуле.

Инаку, новиот, четврти студиски албум на „Нокаут“, е во завршна фаза. Дел од песните кои ќе се најдат на изданието се веќе објавени, а дел од нив се комплетно нови. Неговата промоција се планира за почетокот на следната година.

фото: фб Нокаут Unplugged


[There are no radio stations in the database]