Нов сингл и видео на Кирил Џајковски

Written by on декември 24, 2018

Македонскиот композитор и продуцент Кирил Џајковски го објави новиот сингл „Римајндер“ (REMINDER) за кој е изработен и одличен видео спот, а со кој Џајковски се враќа на сцената по подолга дискографска пауза.

Песната „Римајндер“ е прва соработка со новиот член на неговиот концертен бенд, вокалистот Дејвид Лајон и претставува храбра комбинација на Балкан бит (Balkan Beat) звукот со glitch-hop и реге влијанија.

Ова издание под етикетата на „Филтер Лабел“ е прво во низата синглови со нова музика на Џајковски што ќе бидат објавени во текот на следните месеци и ќе коинцидираат со засилена концертна активност на најпопуларниот македонски електронски артист. Имено, „Римајндер“ наскоро ќе ја има и својата концертна промоција на новогодишниот настап на Џајковски во Шибеник, Хрватска.

 


[There are no radio stations in the database]