Новогодишен подарок: Раде Шербеџија сними албум „Ne okreći se, sine“

Written by on декември 22, 2020

Легендарниот актер, поет и музичар Раде Шербеџија, сними нов албум насловен „Ne okreći se, sine“, кој ќе биде издаден денес.

Тој на социјалните мрежи, синоќа објави:

– Драги мои, не одговарав долго време затоа што снимав нов албум. Сакав тоа да биде подарок за моите луѓе за Нова година и ете успеав. Мојот нов албум „Ne okreći se, sine“ (старо добро ЦД) во продукција на Croatia Records ќе излезе утре, а песните веќе можете да ги слушате на сите дигитални платформи, Јутјуб, Спотифај, што и да посакате 🙂

Инаку, на овој албум се наоѓаат песните: ,,Ne okreći se, sine”, ,,Šeherezada (балада за Tomaž Pandur)”, ,,Suzo moja strpi se”, потоа дуетот со  Габи Новак ,,Otkako te ne volim”, ,,Ostala si uvijek ista”, ,,New York”, дуетот со Дарко Рундек ,,Na nešto me sjeća taj grad”, ,,Kasna jesen dolazi”, ,,Grad”, ,,Govorila je tako tiho, tiho, tiho” i ,,Eto pjesma”.


[There are no radio stations in the database]