Новогодишен концерт и 70-годишен јубилеј на „Танец“

Written by on декември 23, 2019

Националниот анасамбл „Танец“ во петокот го одржа својот Новогодишен концерт, со кој беше одбележан 70-годишниот јубилеј.

После серијата коцертни чествувања низ градовите низ земјава и меѓународните претставувања во Франција, Шведска и Австралија, „Танец” настапи заедно со своите гости од Србија, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Коло”, ја исполни сцената на МНТ со бесценетите антологиски кореографии на „Тешкото”, Невестинското”, „Драчевка”, потоа уникатното „Старобосанско немо коло”, српските игри од Стара Планина, од Западна Србија и Босилеградскиот крај, како и повеќе оркестарски ора и песни, меѓу кои и познатото „Касапско оро”, популарните „Не стој Доне, Донке”, „Ој, Мораво” и многу други.

На сцената излегоа над 120 учесници, во чија изведба уживаа љубителите на врвниот музичко-сценски фолклор.

Инаку, пред почетокот на концертот беше промовирана и  двојазична монографија  за ансамблот, а вечерта премиерно беше изведена и новата кореографијата „Радовишки собор“ на Јовица Блажевски, претставник на последната генереција кореографи на „Танец“ кој зад себе како автор ги има и веќе добро познатите постановки „Посеље“, „Кумановка“, „Малешевка“ и „Пијанец“.


[There are no radio stations in the database]