Новиот сингл „Хеј, лега“ од легендарниот Ѓоле е емотивна посвета на Осијек!

Written by on јуни 16, 2020

Еден од најголемите кантавтори на овие простори, легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, во соработка со тамбурашкиот ансамбл „Госпон Тамбураши“, објави нова песна „Хеј, лега“.

Балашевиќ, емотивниот текст во песната, го посвети на градот кој едноставно го обожува – Осијек.

Музиката, стиховите и аранжманот ги потпишува самиот Балашевиќ, а веќе првите реакции говорат дека и овој пат ја оправдал довербата кај публиката, па Панонскиот морнар продолжува да освојува со стихови и емоции.


[There are no radio stations in the database]