Новиот сингл на Шербеџија најавува нов албум

Written by on септември 4, 2020

Актерската легенда, поетот и музичар Раде Шебеџија има нов сингл, насловен „Ето пјесма“, со кој го најавува новиот албум. Песната ја напиша Хусеин Хасанефендиќ Хус, познат како лидер на „Парни ваљак“, и тоа е првиот службен сингл за кој Хус ги напишал и музиката и текстот и аранжманот.

Регионалната премиера на „Ето пјесма“ е закажана во понеделник, на 7 септември. Тоа е нова ремиксувана верзија на песната, која ние на Радио буба мара привилигирано ја слушаме – веќе неколку месеци.

Иако е ова година во која уметноста трпеше и се уште трпи сериозни последици поради недостаток на публика, Шербеџија имаше забележени остварувања – и на музички и на театарски план. На штотуку завршените Дубровнички летни игри ја доби наградата Орландо за улогата на Џорџ во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, копродукција на театарот Улис и Белградско драмско позориште, а Croatia Records објави цеде и блуреј со концертот „Već sam ti pričao“, кој Шербеџија и неговата група „Западни колодвор“, го одржаа на крајот на минатата година во ХНК во Загреб.


[There are no radio stations in the database]