Новиот сингл на Магазин е силна и моќна порака до сите жени!

Written by on јуни 30, 2020

Членовите на групата „Магазин“,  времето во изолација и одморот од концертите, го искористија на најдобар можен начин – со снимање на нова песна со наслов „Само да се зна“ (Јака сам ти ја) и видео за истата, а за прв пат ќе ја изведат во живо на годинашниот ЦМЦ фестивал во Водице.

Песната е силна и моќна порака до сите жени, која ја испрати Вјекослава Хуćиќ со нејзиниот текст, а за музиката се погрижи  Тончи Хуљиќ.

Новиот сингл  е доказ дека групата Магазин, дури и по четири децении постоење, успешно  ги следи сите музички трендови и привлекува нови генерации.


[There are no radio stations in the database]