Новиот сингл на ДНК со моќна порака!

Written by on јуни 25, 2019

„Горе или доле“ е насловот на новата песна на Панчо и Андреј или двоецот ДНК.

Станува збор за клупска тема со моќен текст која се промовира во исто време со видеозапис, што инаку ја следи приказната од песната.

Видеото е снимено под режисерската палка на Даниел Јовески, а кадрите се направени на неколку локации низ земјава.

Инаку, ДНК и овој пат соработуваат со нивниот композитор и продуцент Лазар Цветкоски, автор на повеќето домашни хитови.

Тој и Панчо заедно ја напишаа музиката, Панчо е автор на текстот, а Лазар на аранжманот.

Песната носи силна порака- Никогаш не возете под дејство на алкохол!


[There are no radio stations in the database]