Новиот дует на Дино Мерлин и Сенида промовиран на новогодишниот on-line концерт!

Written by on јануари 4, 2021

Новогодишното шоу на Дино Мерлин го следеа повеќе од половина милион луѓе, а со тоа сараевскиот кантавтор, успеа да направи невиден on -line музички настан.

Виртуелниот концерт започна во 21 часот, а публиката, во поинакви услови, сепак , имаше можност да ужива во песните на Мерлин.

За време на on-line дочекот на  2021 година, на својата верна публика од целиот свет, тој го претстави и дуетот „Dođi“ со Сенида.

Новата песна предизвика вистинска ‘експлозија’ на Јутјуб и социјалните мрежи, при што видео зписот за истата, го погледнаа дури 200 000 луѓе за помалку од два часа!

Инаку, спотот за „Dođi“ , напишана од Дино Мерлин, е снимен во Сараево и Лукомир, а го режираше словенечката режисерка Кукла, која исто така го потпишува спотот и за мега-хитот „Ми“.


[There are no radio stations in the database]