Новиот албум на Џамбо Агушев – најдобар во категоријата World Music

Written by on август 21, 2020

Албумот „Brasses for the masses“ на Џамбо Агушев и неговиот оркестар ја освои наградата German Records Critics Award како најдобар албум во категоријата World Music за 2020 година.

-Многу сум благодарен што мојот најнов албум  ја доби престижната награда German Record Critics Award како најдобар албум за 2020 во категоријата World Music. Благодарам за вашата поддршка и за тоа што верувате во мене и во мојот оркестар – напиша Џамбо Агушев на својот ФБ профил.

German Records Critics Award е установена во 1963 во Германија со цел да воспостави „најригорозни стандарди за врвни достигнувања и квалитет“ во музичката продукција. Во 2019 година асоцијацијата German Record Critics’ Award интегрираше 160 членови кои се активно вклучени во проценка на снимена музика на сите видови носачи на звук и на сите начини за дистрибуција (винил, ЦД, ДВД, даунлодирање или стримување).

32 различни жирија, секое со по пет членови, покриваат широк спектар на музички жанрови – од опера до камерна музика и од рок преку хип-хоп до хеви метал. Наградите се доделуваат во дури 32 категории, меќу кои е и World Music, чиј овогодишен добитник е новиот албум на Џамбо Агушев.

Наградата German Record Critics’ Award се смета за чесен водич помеѓу новите снимки со вистинско уметничко значење.


[There are no radio stations in the database]