Новиот албум на Влатко Стефановски е најпродаван албум во Хрватска!👏👏👏

Written by on декември 16, 2020

Новиот албум на Влатко Стефановски, „Taftalidze Shuffle“, изби на првото место на листата најпродавани албуми во Хрватска, оставајќи ги зад себе „Црвена јабука“, Габи Новак..


Албумот е во издание на Croatia Records, инаку сниман е во домашното студио на Влатко – „Езотерија“, додека миксот и мастерингот се работеше во студиото „Тра ла ла“ на Мите Димовски, а како и останатите соло албуми, Стефановски и овој го посвети на Скопје, поточно на неговото маало Тафталиџе.

На албумот има и многубројни гости, меѓу кои се: Дамир Имери, Кирил Џајковски, Диран Тавитјан, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ и Васил Хаџиманов.

Меѓу гостите на албумот е и актерот Никола Ристановски.

Придружните вокали ги пееше Андријана Јаневска, додека познатиот кавалџија Теодосиј Спасов во една песна свири труба.

Вредно за спомнување е дека на новиот албум Влатко е придружуван од подмладеното трио. Во новата ритам секција членуваат басистот Иван Кукиќ, како и неговиот син Јан Стефановски на тапани.

Албумот содржи девет теми: „Taftalidze Shuffle“, „Funky junkie“, „Игранка“, „Гаража“, „Global Warming – local freezing“, „Огледало“, „Немам песна за тебе“, „Раскрсница“ и „Дијаспора“.

Освен на компакт-диск, „Taftalidze Shuffle“ деновиве Croatia Records ќе го објави и на винил.

 


[There are no radio stations in the database]