Нова соработка на Слаткаристика и „2 Бона“

Written by on март 4, 2019

Дијаманти“ е насловот на новиот сингл кој го претстави Слаткаристика, а кој претставува плод на неговата соработка со дуото „2 Бона“, составено од Марио Јелиќ-Кун и Антонио Стојановски-Тонито, кои на музичката сцена се појавија во 2015 година.

Тие преходно веќе соработуваа кога го пласираа хитот „Би направил се’ “, но овојпат соработката ја заокружија и со видео запис за кој беа задолжени Good Eye Production.

Музиката на „Дијаманти ја потпишува самиот Слаткар, стиховите му се заеднички со „2 Бона“, а аранжманот е на Марио Јелиќ – Кун и Иван Јованов – Ивајо, кој се погрижил и за миксот и мастерингот.


[There are no radio stations in the database]