Нова моќна балада на Нина Бадриќ

Written by on декември 20, 2019

Точно три месеци пред закажаниот голем концерт во загрепската Арена, Нина Бадриќ го претстави својот нов сингл, моќната балада под назив „Ratujem s tugom“.

Пред две години песната „Rekao si“ беше прогласена за песна на годината во Хрватска и го означи почетокот на прекрасната соработка на Анте Пецотиќ и Нина Бадриќ. Овој, сега воигран тим, ја носи новата складна композиција која со својата мелодија предизвикува бура од емоции.

Меѓу новата песна и подготовката за својот најголем концерт, Бадриќ во моментов се наоѓа на заедничка американска турнеја со Петар Грашо, а за новогодишната ноќ ќе настапи во Ријека.


[There are no radio stations in the database]