Нина Бадриќ објави нов сингл!

Written by on март 10, 2020

Во пресрет на големиот концерт во загребска арена на 7 март, кој всушност претставува круна на нејзината долга кариера како реномирана пејачка, Нина Бадриќ го издаде новиот сингл „Да бирам“.


Овој сингл е подарок за мојата публика , но воедно и начин да ја изразам својата голема благодарност до сите оние кои ме следат сите овие години наназад, изјави Нина Бадриќ.

Текстот на новата песна е потпишан од Анте Пецотиќ, музиката исто така е на Анте Пецотиќ и на самата Нина Бадриќ, а аранжманот го потпишуваат Бојан Шаламон Шала и Предраг Мартињак.


[There are no radio stations in the database]