Никола Ристановски во спотот за „Дај некој благослов“

Written by on јуни 11, 2018

Никола Стојковски ( FIN Project ) со овој сингл, го најавува својот нов албум “РЕ:визија”, кој следува по двата успешни “Битови и орнаменти/Во Македонија” и “Едно е сонцето”.

Препознатливиот звук низ кој се преплетуваат електронски, џез и вокални форми, прават една автентична фузија која и со новиот албум гарантира едно посебно музичко искуство, за кое домашните, и музичките критичари од светот го споредуваат со некои од врвните музички светски имиња како Thievery corporation, Massive Attack итн.

Соработката со Кали, Васко Атанасоски и хрватската пеачка Тена Рак, за песната “Дај некој благослов” проследена со извонредниот видео спот, веќе котираат на листите во и вон Македонија. Во исчекување на излегувањето на албумот “Ре:визија” , уживаме во нивниот прв сингл “Дај некој благослов”.

Во спотот учествува и еден од најдобрите македонски актери Никола Ристановски.


Current track
TITLE
ARTIST