„Ние“- нов сингл на ДНК
Written by Р.Б. on ноември 12, 2019
Панчо и Андреј од ДНК имаат нова песна.
Станува збор за сингл со наслов „Ние“, за кој веднаш е снимен и спот.
На песната работеше докажан авторски тандем – Лазар Цветкоски и Панчо.
Музиката е нивно заедничко дело, текстот е на Панчо, додека аранжманот е на Лазар.
Во спотот се појавува Миа Костова, а режисерот Даниел Јовески вели дека со видеото се потрудил самата приказна да го следи текстот од оваа емотивна композиција.