Не се давај, Скопје, старо момче мое!
Written by Р.Б. on јули 26, 2018
Кога најдобриот тапанар во Македонија ќе ти дојде на гости, перкусии стануваат сите кујнски тенџериња и капаци, и од Цептер и од охридски инокс.
Гаро и Кили во Килиштец одржаа комшиска свирка и во сеќавање на 26 јули, на постземјотресно Скопје и на светската солидарност, го распеаја Капиштец
На крајот на август ќе го распејат и Водно во продолжението на нашата акција.
Акцијата “За чисти и зелени планини и езера – ги чистиме планинарските патеки” е поддржана од Цивика мобилитас, Град Скопје и Пакомак.