Неопходна доза смеа и љубов во новата песна на SAP Brothers

Written by on август 19, 2020

Браќата Бранко и Влатко Сапламаеви или SAP Brothers, како што е нивниот псевдоним, ја објавија викендов песната „Љубов си ти“, посветена на нивниот пес, златниот ретривер Арон. Песната со позитивен дух е проследена и со шармантно видео, во кое се појавуваат Бранко, Влатко и Арон во приказна, која максимално соодветствува на описот „најпозитивниот музички проект кој што може да се објави во овие денови“, како што SAP Brothers го опишаа овој зафат.

И песната и видеото се необичен микс на музика, хумор, страст и љубов кон златниот ретривер Арон, чувство што совршено го разбираат сите кои имаат кучиња-миленици.

„Единственото нешто што го сакаме во моментов е на спонтан и ненаметлив начин да ви ги оттргнеме мислите од секојдневието и да ве поканиме во еден поинаков, и барем за нас, интересен и забавен свет.“, вели постариот брат Бранко Сапламаев.

„Оваа е наша приказна, но а си земавме и малку уметничка слобода за да ја раскажеме на поинаков начин. Се фокусираме на музиката, љубовта, имагинацијата и смеата. За забава и задоволство, наше и ваше“, порачува Влатко Сапламаев.

Третиот член на екипата е, како што велат, нивниот продуцент и пријател Ѓорги Вацев.

Оваа недела „Љубов си ти“ можете да ја слушате како хит на неделата на програмата на Радио бубамара секој непарен час. Видеото може да се погледне на Јутјуб.


[There are no radio stations in the database]