Неле со концертно видео за „Piccola storia de grande amore“!

Written by on мај 30, 2020

Година дена по спектакуларниот, кам-бек концерт, на д-р Неле Карајлиќ на 25.05 2019 година на белградскиот стадион „Ташмајдан“, објавен е спот со снимки направени таа вечер.

Спотот е за стариот хит на бендот „Забрањено пушење“ од албумот „Мале приче о великој љубави“ од 1989 година, (Piccola storia de grande amore).

Во таа пригода, на Неле и на бендот, на сцената им се придружи и сопранот Марија Гајиќ.

Ова концертно видео, го потсети Карајлиќ на таа волшебна ноќ на „Ташмајдан“, и на својот фб напиша: – „На човек соништата му служат полесно да ја надмине реалноста, или, дури и подобро, да премине од реалноста во соништата. На нив не им треба виза. Не им е потребен ниту карантин. Доволно е да заспиете. Најубавите соништа се оние што се мешаат со реалноста, па не си сигурен дали сонуваш или навистина тоа се случува. А можеби тој сон е всушност реалност, а не ова како што тврдат некои луѓе“….

За него, најубавиот сон- сон помешан со реалноста, е токму овој концерт кој се случи пред точно една година, на 25 мај, на стадионот „Ташмајдан“.

Во продолжение, Неле со воодушевување искоментира: „Тогаш излегов пред вас, за прв пат после долга пауза, и како бруцош пред професор, одговорав на најтешките прашања. Дел од мојот сон сега е пред вас. „Piccola storia de grande amore“, за прв пат во 21 век!


[There are no radio stations in the database]