„Незаборавни“-нов албум на Биба Додева!

Written by on септември 21, 2020

Нашата позната пејачка Биба Додева вечерва, понеделник, 21 септември, го промовираше новиот студиски албум насловен „Незаборавни“.

Промоцијата се одржа во отворениот дел на хотелот „Александар Палас”, при што секако се почитуваа препораките за заштита од Ковид 19.

На албумот се наоѓаат преработки на 11 македонски евергрини и  две бонус песни од последните два фестивала на кои што настапила.

Имено, станува збор за песната „Како некогаш“ од „Охрид-фест“ и  „Птица“ со која настапи на „Макфест 2020“.

„Имавме тешка задача заедно со мојот пријател и колега Владимир Дојчиновски да ги одбереме песните од 1962 до 2002, од таа огромна македонска музичка ризница. Тоа се песни кои оставиле белег на една младост, една љубов, во едно поинакво време, па токму затоа ни претставуваше голем предизвик, но и голема одговорност да ги преработиме и да оставиме свој печат“, вели Додева.

На проектот се работело повеќе од една година, а како гости се јавуваат голем број на македонски музичари, но и тројца еминентни гости од регионот.


[There are no radio stations in the database]