Бубамара шумските свирачи, по успешните акции на Матка и Водно, ја распеаја и крушевската корија.

Written by on август 6, 2018

Во акцијата „За чисти и зелени планини и езера“ на Радио Буба Мара, новоформираната крушевска еко-чета, во која членуваат директорот на Македонска филхармонија Виктор Илиевски, професорите Владимир Мартиновски и Бојан Гажовски, Сотир Маја и други поддржувачи на оваа иницијатива, ја распеа крушевската корија и го објави стартот на акцијата за собирање пластичен и друг ситен отпад по шумските патеки околу Крушево.

Во акцијата учествуваат и младите крушевчани, како и комуналните работници и општинарите на Крушево, пренесувајќи ја пораката – дека местото на ѓубрето не му е во планината.

Добредојдени се сите кои сакаат да ја поддржат акцијата и идејата за листи шуми и планини!

Многу песни се отпеаја, многу пораки за чиста природа беа испратени. На природата и е потребна нашата поддршка, затоа се потсетуваме на важноста на убавите навики и на шумскиот бон-тон: не оставај ѓубре зад себе, природата нема никој друг освен нас!

Проектот е поддржан од Civica Mobilitas.


[There are no radio stations in the database]