Музичко-спортска-еколошка акција на Водно и во Крушево

Written by on септември 3, 2018

Нашите Буба мара – шумски свирачи викендов настапија без инструменти на Средно Водно каде заедно со персоналот од Хотел Водно, ресторан КНА, собраа една вреќа пластичен и друг отпад околу патот до бесплатниот паркинг.

На другата страна од Водно и Крушево, по планинарските тешко достапни патеки, голем број рекреативци меѓу кои и селекторот на биатлон репрезентација Ѓоко Динески, асистентот во бронзената кошаркарска репрезентација до 16 години Александар Ашаданов и други млади спортисти, уживаа во природата, а дел од нив собираа пластични шишиња, кои се наоѓаа на тешко достапните планинарски патеки. Може да се пофалиме дека лесен отпад има во се помал број, ама затоа диви депонии во голем број!

Целта на оваа акција е граѓаните што се движат во природата, ако видат ситен отпад (пластични шишиња), да го соберат, а во исто време и да укажат до комуналните и градски претпријатија на дивите депонии кои се наоѓаат во шумите. Акцијата ќе продолжи во текот на целата година.

За чисти и зелени планини и езера !
За зелено и чисто Водно!
Да ја распееме природата.

Проектот е поддржан од Пакомак и Civicas mobilitas.


[There are no radio stations in the database]