Музичка прегратка Чикаго-Скопје со Митевски, Дац,Тања и Игор!

Written by on април 27, 2020

Александар Митевски и Драган Спасов Дац, секојдневно ни покажуваат дека нивната креативност нема граници, секојдневно со нивните карантински изведби на социјалните мрежи не развеселуваат со нивните настапи, и секако пријатно сме сите изненадени од изборот на стари песни евергрини, преработки, дуети и комбинации со повеќе луѓе, носталгија и спомени….

Карантинското дуо и вчера најави дружење со музика за срце и душа, прекуокеански видео мост и потсетување на еден убав евергрин.

На нивниот фб напишаа:

-„ЉУБОВНИ ПЕСНИ ВО ПОЛИЦИСКИ ЧАС  Драга публико, вечерва одиме до Америка, поточно Чикаго. Таму живеат нашите драги Тања (Станковиќ) и Игор Димовски. Одлични музичари со одлични кариери. Го прифатија со задоволство нашиот предизвик да изведеме еден голем македонски евергрин од нашиот легендарен Славе Димитров  Правиме музичка прегратка Чикаго-Скопје. Пејте од дома со нас ❤“


[There are no radio stations in the database]