Музичката дива Тереза Кесовија со нова песна и спот!

Written by on септември 21, 2020

Музичката дива Тереза ​​Кесовија го претстави долгоочекуваниот спот за песната ‘Има те’, кој го снимaше летово.

Промоцијата се одржа синоќа во познат загрепски ресторан, во присуство на познати личности, соработници и секако пријатели. меѓу кои беше и Габи Новак.

Во одлична атмосфера, сите присутни уживаа во музиката, но и во „малиот филм“ што Тереза ​​го сними, под режисерската палка на Катја Рестовиќ.

Инаку, автор на новиот сингл е  Аљоша Шериќ, фронтменот на групата Павел, аранжманот е на Горан Ковачиќ, а издаден е под етикетата на Dallas Records.


[There are no radio stations in the database]