Музичари од екс-ју градови со заедничка песна!

Written by on мај 16, 2020

Бобан Василески и Бени Шаќири од „Нон Стоп“, на своите фб профили, се заблагодарија на нивниот пријател, музичарот Драган Пејиќ-Пеја од Зеница, Босна и Херцеговина, а кој инаку живее во Германија, за поканата да работат на овој проект и да учествуваат во изведбата на песната со наслов „Издржи, буди јак“.

„Песната е заедничка мисија со која испраќаме поддршка на сите оние кои што ги поминуваат овие денови борејќи се против корона пандемијата, вирус кој не знае за поделба според бојата на кожата, националноста, религијата и политичката припадност. Тешко беше да се започне со работа на овој проект од далечина, без опрема, во соби, на мобилни телефони, но сепак успеавме да ја снимиме песната“ – изјави Пеја,  и додава дека во исто време се работеше на видео проект. .

Музиката и текстот ги потпишува  Драган Пејиќ-Пеја, аранжманот го работи заедно со Аднан Хаџибегиќ-Хера, а продукцијата е на нашиот Бобан Василески.

Карантинската песна „Издржи, буди јак“, ја пеат пријателите од екс ју и други градови од светот,  а тоа се:  Амир Казиќ-Лео, Арбен Бени Шaќири, Немања Савиќ, Мирзад Перваниќ-Мигош, Аднан Хаџибигиќ-Хера, Сенад Ајановиќ, Амра Мусемиќ и Ана Костадинoвска, а свиреа Амар Чешљар, Емир Хот, Ади Кахриќ, Самир Синановиќ, Ирхад Баручија, Бобан Василески … Други учесници во проектот се Сандро Пејиќ, Стефано Пејиќ, Дино Опанчиќ, Амар Идризовиќ, Енес Ајановиќ …


[There are no radio stations in the database]