МРТ го избра претставникот на Македонија на Евровизија 2020

Written by on јануари 16, 2020

Пејачот Васил Гарванлиев ќе ја претставува Македонија на Евровизија во Ротердам, Холандија.

На неговиот Инстаграм профил тој ја објави веста.

За настапот на Гарванлиев одлучи МРТ на интерен избор, што стана пракса изминативе неколку години.

Допрва треба да се одлучува со која песна ќе настапи.

Тој лани пееше во придружните вокали на Тамара во Израел.

Васил Гарванлиев јавноста го запозна пред 25 години кога на „Златно славејче“ ја пееше „Марионка“.

Потоa тој замина во САД, Италија и во Канада, каде што живееше со години.

Се врати во земјата и повторно почна со настапите.

На сцената се врати со песната „Ѓердан“, а неодамна го промовира и спотот за „Моја улица“.


[There are no radio stations in the database]