„Ми вети ти“ – во една малку поинаква варијанта

Written by on февруари 19, 2021

Песната „Ми вети ти“ што матично ја исполнувала македонската музичка легенда Диме Поповски, деновиве ја преработи бендот на Џоле Максимовски HolyMood, заедно со Кали и Пере. Освежувањето на добрите македонски песни со препеви и нови аранжмани помага во нивно чување од заборавот на времето кое сакале ние или не си врви. Новите генерации имаат нови форми на израз, нови стилови и навики, па за да им се обрне внимание, ќе треба да се подготви ново пакување изведено од актуелни изведувачи и инструменталисти.

Од друга страна предизвикот е уште поголем за создавање препев кој ќе им се допадне на оние што веќе го слушнале оригиналот постар од 50 години и интерпретиран на фантастичен начин.

„Оваа песна, како од најубавите македонски евергрини, секогаш сум имал желба да ја изведам на мој начин, во мојот филм… Ионака се наоѓам во подготвување материјал со новиот проект HolyMood. Размислувајќи кој да ја изведе песната, веднаш и се јавив на Калина Велковска Кали. Едногласно се согласивме дека идеален машки вокал би бил почитуваниот Пере од Нокаут. На наше огромно задоволство, тој се согласи. Снимивме и видео запис кој е дел од челинџот на Кали. Останатите членови на HolyMood се Александар Ванчовски Џигер на тапани и Стефан Алексовски на клавијатури и синтови. Ова е почеток на една нова извонредна соработка“, изјави фронтменот на овој проект Ѓоко Максимовски.

Со текот на времето, „Ми вети ти“ доби уште неколку преработки, најпозната е онаа на Џон Илија Апелгрин.


[There are no radio stations in the database]