Мијата ја препеа „Бај, бај“ на Драган Каранфиловски Бојс

Written by on октомври 4, 2019

Македонската пејачка и кантавторка Мијата ја преработи песната „Бај, бај“ која групата „Буба Мара“ ја изведе на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во 1988 година. Музиката и текстот се на легендарниот Драган Каранфиловски – Бојс, а новиот аранжман во кантри блуз стил го потпишуваат Дамир Пух, Наташа Миха Пух и Мијата. Усната хармоника ја свири Александар Пешевски, а слајд гитарите се на Дамир Пух.
„Ова е првпат да преработам македонска песна, а токму оваа песна за мене претставува емоционален времеплов. Голема чест ми е што добив шанса да персонализирам песна на Бојс со својата интерпретација“, рече Мијата.


За песната има и интересен видео запис, чија режија ја потпишува самата Мијата, додека како директор на фотографија и дрон е потпишан Јован Лесански, асистент на камера бил Мето Лесански, а за монтажата и постпродукцијата бил задолжен Аце Бошковски. Стајлингот на протагонистите во видеото го осмислиле Моника Блажевска и Сара Реџиќ.
Во снимањето на спотот чествувале: Александар Пешевски/Мигхтѕ Цреатион –   усна хармоника, Теодора Гошева – гитара, Андреа Мирческа – контрабас и песот Дарма.


[There are no radio stations in the database]