Митевски и Дац со музика за срце и душа!

Written by on декември 2, 2019

Познатиот македонски актер Драган Спасов Дац и исто така познатиот музичар и продуцент Александар Митевски, во континуитет ја продолжуваат својата соработка.

Настапи на фестивали, свирки, неколку дуети, а деновиве  еве повторно музичко изненадување за публиката.

Имено, по настапите на  „Охридфест“ и „Макфест“,  со  песните “Цреши охридски” и „Уште ми фалиш“, Дац и Митевски снимија нова дуетска песна која се вика „Љуби ме“.

Станува збор за брза и динамична љубовна песна, со мирис на носталгија, која зборува за подзаборавените чувства во нашето секојдневие.

Во снимањето на синглот учествуваа членовите на дувачкиот состав „Брастет“, хорот од некогашните членови на октет „Македонија“ и повеќе градски ликови.

Овој потенцијален хит за сите генерации е наш предновогодишен подарок за публиката – вели Митевски.

Песната деновиве ја слушате како Хит на Радио Бубамара, а спотот својата промоција ќе ја има на  4 декември.

Во меѓувреме слушнете како звучат Дац и Митевски, изведувајќи го новиот сингл во живо!

Ljubi me

Posted by Ivana Ordevska on Сабота, 30 ноември 2019


[There are no radio stations in the database]