Мила Москов, го освои високото шесто место во Полска

Written by on ноември 25, 2019

Претставничката на Македонија на овогодинешниот “Детски Евросонг”, Мила Москов, го освои високото шесто место.

Оваа година од стручно жири на секоја држава освоивме 100 поени, а од публиката освоивме 50 и со вкупно 150 поени го освоивме шестото место.

Мила Москов ја „запали“ сцената во Гливице, Полска.

14-годишната пејачка од Прилеп која настапи со песната „Fire“ со својата изведба ги воодушеви сите присутни и измами огромен аплауз.

Ефектите на сцената дадоа дополнителен опис на содржината на песната.

Текстот на песната е дело на Магдалена Цветкоска, додека за композицијата и продукцијата се погрижи Лазар Цветкоски.

Инаку, победи домаќинот Полска, односно, 12 – годишната Вики Габор со песната „Superhero“. Пресудно за втора едноподруга победа на Пољаците беа гласовите на публиката.


[There are no radio stations in the database]