Мики Јовановски Џафер – добитник на наградата за трајни музички вредности

Written by on февруари 5, 2019

Во очекување на најновото издание на нашата најпопуларна манифестација Златна бубамара на популарноста сценариото се чува во најстрога тајност иако за организаторите неколку пати изјавија дека е „Јавна тајна„

Под слоганот Да се предадеме!  на музика,забава и смеење – Откако се одадовме, на лажење, крадење и неверства.

На овогодинешното 22. издание  со наградата за “Трајни музички вредности” ќе се закити нашиот популарен поп-рок пејач Мики Јовановски-Џафер.

Оваа престижна награда е всушност потврда за  музичкиот  траен печат што Мики Јовановски-Џафер го остави во срцата на сите љубители на поп и рок-музиката , „Лага и измама“,„Под Пелистер“, „Одам на југ“,„Мики мој“, и  незаборавната  „Сонце за три света “ влезе во историја на македонската  музичка сцена.


[There are no radio stations in the database]